Кој кого изневерува и со кого: Ова се љубовните триаголници на српската естрада! (ФОТО)


Колку години трае лутината кога трета личност ќе ви се вмеша во љубовта? Кај Весна Змијанац 30 години, а кај Драгана Мирковиќ 20 години.

Љубовта понекогаш има чудни патишта, a овие ѕвезди од српското естрадно небо ги вовлече во љубовни триаголници. Од Аца Лукас до Зорица Брунцлик, погледнете кој се беше дел од еден таков!

Весна Змијанац и Зорица Брунцликzmijanac i brunclik

Можеби најголемиот љубовен триаголник на српската естрада е оној во кој учествуваа пејачките Весна Змијанац и Зорица Брунцлик. Покрај тоа што двете се дел од постарата естрадна гарда на двете им се заеднички и емоциите кон хармоникашот Мирољуб Кемиш.

Кемиш прво беше во брак со Весна Змијанац, а подоцна Зорица и го зема и до денес е во среќен брак со него. Пејачките беа долго време скарани, а се смирија после 30 години.

 

 

Жељко Шашиќ и Аца Лукасestrada varanje

Пејачот Жељко Шашиќ беше во брак со Соња со која ја има ќерката Софија. Тој никогаш не очекуваше дека токму еден од неговите најдобри пријатели, Аца Лукас, ќе му ја земе жената.

Откако Аца и Соња започнаа да се забавуваат Жељко престана да контактира со Аца и таа кавга трае до денес.

 

 

Сораја и Качаvaranje soraja

Без да знаат старлетата Сораја и пејачката Катарина три месеци делеле исто момче. Фудбалерот на Црвена Ѕвезда Стефан Михајловиќ успеа толку време да ги лаже двете паралелно.

Тој пред тоа беше во врска и со Сандра Обрадовиќ.

 

 

 

Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ8per.jpg500

Пејачката Драгана Мирковиќ во 90-тите години беше во врска со менаџерот Зоран Башановиќ за подоцна да и го преземе колешката Мира Шкориќ со која до денес не разговара.

После 20 години Драгана се смири со Зоран, па минатата година му пееше на слава.

 

 

Вистина.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1