СКАНДАЛ: Вработен во воспитно-поправниот дом Тетово криел силување на малолетник


Основното јавно обвинителство во Велес поднесе  обвинение против раководителот на Секторот за обезбедување во воспитно – поправниот дом Тетово – одделение во Велес, за сторено кривично дело несовесно вршење на службата.zatvor kjelija

Обвинетиот се товари дека во својство на службено лице, откако добил известување за сторено кривично дело силување на малолетник од страна на други штитеници во домот, истото не го пријавил до надлежните органи, со што несовесно постапил и сторил кривично дело. Грозоморниот чин се случил во јули минатата година, пренесува Локално.мк.

До оние кои го извшиле силувањето, кои иато така се малолетни, ОЈО Велес веќе има поднесено барање за поведување на подготвителна постапка пред судијата за малолетници во Основниот суд Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1