Скандалозно: Eве што фејсбук воведе и за вас без да знаете и да се согласите


Фејсбук од први февруари ја измени политиката за приватност која прилично ги разбесни сите корисници на оваа социјална мрежа, објави 24сата.

Имено, откако на први февруари сте се логирале на вашиот профил, автоматски сте ја прифатиле новата политика за приватност, која му дозволува на Фејсбук да ја следи вашата активност на интернет, дури и откако ќе се одлогирате од вашиот профил.facebook-ap

Фејсбук објави дека тоа го направиле за да го подобрат пласирањето на реклами за кои сте заинтересирани.

Според наводите на оваа компанија, вашите информации нема да бидат споделувани со трета страна во било кој момент.

Со оглед на тоа што се дигна многу прашина, Фејсбук сепак се согласи да им дозволи на корисниците целосно да ја исклучат оваа опција, но со услов сите информации кои до тој момент се собрани, да останат во нивната база, пренесе 24сата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1