Скандирањето УЧК главна причина за прекинот на финалето од фудбалскиот куп – ќе им ли казна за клубот?


Националистичките скандирања на „навивачите“ пред се на Шкендија, се причината поради која вечерва нема да го дознаеме победникот во фудбалскиот Куп на Македонија.

stadionФиналниот натпревар на националниот Куп на Македонија, во кој се сретнаа тетовските ривали Тетекс и Шкендија, е прекинат и нема да се доигра вечерва. Ова е одлуката на официјалните лица на натпреварот предводени од делегатот Тони Ивановски и главниот судија Александар Ставрев.

На ваквата одлука и претходеше петнаесетминутен прекин во десетата минута од натпреварот откако навивачите на Шкендија „балисти„ почнаа со националистички скандирања.

Откако фудбалерите се вратија на теренот, а молбите и апелите од капитените на двете екипи не вродија со плод, во 25-минута од средбата Ставрев и Ивановски одново ги повлекоа екипите.

Во консултации со претставниците на двата тима и раководните луѓе од Фудбалската Федерација на Македонија, донесена е одлука вечерва да не продолжи натпреварот.

Според пропозициите, истиот треба да се одигра во рок од 24 часа, доколку постојат услови за тоа, што најверојатно и ќе се случи, но повеќе од сигурно е дека тоа ќе биде пред празни трибини.

Она што останува непознато е дали ќе биде канзет клубот чии навивачи свиркаа на иведувањето на националната химна?

Press24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1