Скокна од 11 кат за да не ја силуваат – Трагедијата која го потресе Балканот опеана во ,,Она спава“


Поминале многу години, но оваа девојка никогаш нема да биде заборавена. Приказна која ќе ве натера да заплачете. Поминале 41 година од трагедијата поради која плачела цела Југославија, а за никогаш да не се заборави се потрудил и Здравко Чолиќ со својата песна „ Таа спие“. fewifwjgierjtrhytj

Имено, тој својата песна ја посвети на Милица Костиќ која во 1974 година бегајќи од група силувачи скокнала од 11. спрат од зградата, Рубинова кула во Крушевац, таа ја сочувала својата невиност на најтрагичен начин и така заминала во легендите.

Надлежните органи  собрале 7 личности за сослушување.

– Тоа утро, понеделник 2. септември, Милица се поздравила со родителите, ги собрала своите работи и тргнала за Крушевац. Стигнала околу седум и петнаесет наутро, навратила до станот, а потоа заминала во училиште. Бидејќи во училиштето стигнала порано имала време малку да прошета. Во Крушевац имало гужва, од многу деца кои дошле на првиот училишен ден.  Но таму имало група од момчиња кои имале намера да донесат некоја ученичка во нивниот стан.

Во еден момент внимание им привлекла убава девојка, со темна коса, која сама се шетала и разгледувала по излозите. Се движела по истата улица, од фонтаната спрема споменикот каде се наоѓале и момчињата. Била тоа Милица. Тие до сега не ја познавале.

Еден од нив се одвоил, за да ја престигне и ја запрел. Веднаш ја замолил да му направи услуга, да ја повика неговата девојка Драгана од одредениот стан, бидејќи тој не можел бидејќи родителите на девојакат биле многу строги.  За себе тој оставил впечаток како добронамерно момче. Сето тоа го направил толку љубезно за Милица да наседне во неговата игра. Ни на крај памет не и паднало дека станува збор за измама,

Во станот веќе биле неговите другари кој го исклучиле ѕвончето и пуштиле гласна музика, па кога пристигнала Милица и отворило едно момче и кога Милица прашала дали е тука Драгана, момчето и рекол да да тука е , слободно влези. Кога Милица го пречекорила прагот позади неа било и момчето кое ја измамило, и од тука започнал нејзиниот пекол.

Кога ја затвориле вратата Милица сватила дека ја измамиле, но ја совладале и ја заклучиле во спалната соба, не сакајќи да дозволи да биде силувана девојката одлучила дека подобро за неа е да скокне од зградата отколку да биде брутално искористена. Скокнала од 11 кат – во смрт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1