Јанг Џинхај (27) од Кина го искористил моментот на невнимание на чуварите во зоолошката градина во Ченгду и скокнал во кафезот со тигри.
После посетата на локалната зоолошка градина Џинхај помислил како е сурово и депресивно да се гледаат тигрите како живеат во средина која ги спречува да ги развиваат своите природни инстикти за лов и убивање.
Тогаш одлучил да се жртвува себе си, скокнал во кафезот и направил “добро дело“. Набрзо чуварите го извадиле од кафезот.
Семејството на Кинезот изјавиле дека човекот веќе подолго време е во депресија и дека моментално е под терапија според совет на психијатарот кој го води неговиот случај.