Скопјанка ја задавила својата мајка во семејниот дом


Скопјанка ја задавила својата мајка во семејниот дом. Според информации на МВР, утринава во 08:10 часот во Полициската станица Карпош 46-годишната А.И. од Скопје пријавила дека на ул. „Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка, 74-годишната В.И.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и во домот било затекнато починатото лице, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1