Едно лице синоќа е повредено од залутан куршум во населба Бутел.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 19:30 часот лицето У.М. (1978), додека седел во својот двор во Бутел заедно со друго лице, се слушнале истрели од огнено оружје по што почуствувал болка во пределот на зглобот на десната рака.
Повредениот е пренесен во Градската болница „Наум Охридски“, каде што му е укажана лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на двата случаи.