Скопјанец и го хакнал маилот и и ги избришал пораките – заработи пријава


Единицата за компјутерски криминал при  Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното Јавно обвинителство Скопје  на 01.08.2013 година поднесе кривична пријава против лицето Г. В.(43) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

haker_2342Како што денеска соопшти МВР, пријавениот неовластено пристапил кон компјутерскиот систем за електронска пошта на македонски телекомуникацискиот оператор со кориснички налог што му бил доделен на друго физичко лице. При тоа неовластено ги превземал и избришал податоците кои се наоѓале во компјутерскиот систем.

Имено, лице од Скопје на кое му бил доделен кориснички налог од македонски телекомуникацискиот оператор за пристап кон компјутерскиот систем за електронска пошта, забележало дека поштенското сандаче било испразнето без негово знаење или одобрување, за што случајот го пријавило во ЦСОСК – Единицата за компјутерски криминал.

Врз основа на издадена судска наредба од Истражен судија при Основен суд Скопје 1 – Скопје од телекомуникацискиот оператор обезбедени се електронски записи за пристап (логови) кон компјутерскиот систем и утврдено е дека на 12.04.2013 година извршено е најавување, односно навлегување во компјутерскиот систем за електронска пошта, со корисничкото име на оштетената и извршено е бришење на податоци во поштенското сандаче.

Од преземените мерки и активности утврдено е дека бришењето на податоците е извршено од ИП адреса која му била доделена на пријавениот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1