Скопјанец илегално носел азиланти во Германија – во притвор е и заработи кривична


Кривична пријава и притвор за скопјанец за злоупотреба на безвизниот режимза С.М. (1978) од Скопје осомничен за сторено кривично дело злоупотреба на безвизниот режим. Од страна на надлежен истражен судија одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Досега само од МВР поднесени се три кривични пријави против 8 лица за сторени 4 кривични дела за фалсификување и уништување деловни книги, измама, соизвршителство и злоупотреба на безвизниот режим,

Од Македонија најмногу азил бараат,  од Скопје или Скопско (преку 30 проценти).
од април минатата година досега заради сомневање за злоупотреба на безвизниот режим од граничните премини на РМ не им е дозволен излез на околу 6.500 македонски државјани. Извршени се 398 контроли во 118 туристички агенции и во 38 друштва за превоз на патници и кај 22-ца индивидуални превозници.

Еве како според извештајот на МВР сво последниот случај копјанецот ги вршел измамите.

На 14.10.2012 година во 21.30 часот, на излез од РМ од страна на полициски службеници од ПС за ГП Блаце, горепријавениот е задржан поради основано сомнение дека истиот организирано превезува лица баратели на азил во државите членки на Европската Унија. Имено, по претходно сознание било сопрено возилото „Мерцедес Вито“ со скопски рег.таблички управувано од  С.М., сопственост на А.И.(1990) од Скопје, кој му дал полномоштво за управување со туѓо моторното возило надвор од РМ. Од страна на УПС од ПС Долно Блаце извшен е преглед и претрес при што се пронајдени патни торби кои не припаѓаат на С.М., туку на други лица меѓу кои и на малолетни деца. Од првично извршениот разговор С.М. посочил дека патничките торби припаѓаат на неговата сопруга која се наога во Р.Косово и се наменети за нејзини роднини. Поради основано сомнение дека С.М. дава лажен исказ, извршен е повторен преглед во возилото каде што се пронајдени документи за идентификација (извод на родени, уверение за државјанство и венчаница) на семејство од Скопје, за кои осомничениот тврдел дека лицата не ги познава ниту има врска со нив, но документите му биле дадени од засега непознати лица и да ги однесе во Х.М. (центар за азиланти) во Емингенштрасе во близина на Франкфурт на Р. Германија каде што се сместени барателите на азил.

Во понатамошниот разговор, откако му било укажано за последиците од сторување на кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на европската унија и на шенгенскиот договор“ за кое дело е предвидено мерка затвор во времетраење од 2 до 5 години, С.М. ја сменил првично дадената изјава и изјавил дека е измамен од страна на НН лица кои дошле во неговиот дом во Скопје, кои однапред биле информирани дека горепријавениот има странски холандски документи и се наоѓа во тешка материјална состојба, па му понудиле за одреден паричен надоместок да превезе лица кои претходно се обиделе да ја поминат границата и на кои како потенцијални баратели на азил и злоупотреба на безвижниот режим претходно не им бил дозволен излез од РМ. Осомничениот прифатил да превезува лица кон Р.Германија,  баратели на азил, за сума од 150 евра по лице, за што однапред го договориле дејствието и времето на извршување на истото. За остварување на целта му била потребна помош од страна на лице кое го познава теренот околу граничниот премин, кое би ги прифатило лицата илегално и би ги пренел на територијата на Косово. С.М. добил подршка од лице од Горно Блаце каде и живее и повремено врши превоз на патници со своето ПМВ Венто, кој идеално го познава теренот и илегалните правци  околу граничната линија на РМ со Р Косово.

На 14.10.2012 година осомничениот превезувал осум лица со ПМВ „Мерцедес Вито“ и околу 19,00 часот ги оставил во  близина на бензинската пумпа „Дизел“ од каде што требало да ги превземе лицето од Горно Блаце и да ги однесе во близина на границата од каде илегално би ги префрлил  во  Р.Косово, по што телефонски ќе го извести за повторно превземање на лицата. За ова дејствие лицето од Горно Блаце би добил надомест од 100 евра по лице. Откако ги превземал лицата, се договориле дека, кога ќе бидат на територијата на Косово, по телефон ќе го извести С.М. за да овој со багажот кој се наоѓал во ПМВ „Мерцедес Вито“, се упати на граничниот премин и легално ја помине границата на РМ по што ќе ги превземе осумте лица, потенцијални баратели на азил.

На 15.10.2012 година од страна на инспекторите од РЦ Север, на информативен разговор биле повикани лицата А.А. и Ќ.Д., во кој лицето А.А. изјавил дека  13.10.2012 год. во Шуто Оризари дошол С.М. и барал потенцијални лица баратели на азил во ЕУ,  кои за одреден паричен надомест би ги превезол во земјите од ЕУ. Истиот ден се договориле да ги превезе при што С.М. прифатил за сума од 800 евра да ги превезе него, неговата сопруга и двете малолетни деца за што земал 200 евра однапред. На 14.10.2012 год. дошол во нивниот дом на ул. Бигла, во Скопје и со неговото ПМВ Мерцедес во кое имало и друго семејство се упатиле кон ГП Долно Блаце каде што требале да остварат излез од РМ. Меѓутоа пред ресторанот Европа кој се наоѓа во непосредна близина на ГП Долно Блаце, С.М. го запрел возилото и им рекол да се симнат и продолжат понатаму со друго ПМВ управувано од НН лице со кое претходно телефонски комуницирал, и требало да ги префрли илегално преку државната граница во Р.Косово. Ќ.Д. изјавил дека со С.М. се познавал од порано и пред околу десетина дена стапиле во контакт знаејќи дека Ќ.Д. имал намера да оди и да бара азил во земјите на ЕУ. С.М. му ветил дека за сума од 1000 евра ќе го превезе до Германија него и неговото семејство. Една недела пред поаѓањето Ќ.Д. како капар му дал 350 евра, а кога ќе пристигнале во Германија ќе му ги даде и преостанатите пари. На 14.10.2012 год. С.М. дошол во домот на Ќ.Д. во с.Инџиково  каде ги превзел него, неговата сопруга и двете малолетни деца од каде се упатиле кон ГП Долно Блаце каде што требале да остварат излез од РМ. Меѓутоа пред ресторанот Европа кој се наоѓа во непосредна близина на ГП Долно Блаце, С.М. го запрел возилото и им рекол да се симнат и продолжат понатаму со друго ПМВ управувано од НН лице со кое претходно телефонски комуницирал и требало да ги префрли илегално преку државната граница во Косово. Лицето ги однело во село и ги оставиле да чекаат околу еден час и откако сватиле дека лицето го нема и нема да дојде пеш се упатиле кон магистралниот пат Скопје – ГП Блаце.

Патничкто возило е одземено со потврда и истото ќе послужи како доказен материјал во текот на постапката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1