Скопјанец преку Иво Котевски лажно ветувал вработување за да заработи 4.500 евра


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(31) од Скопје, за сторено кривично дело „измама“ со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 4.500 евра, во денарска противредност 279.000 денари.ivo kotevski

-Пријавениот и оштетениот се знаеле од претходно околу седум месеци, бидејќи оштетениот како возач на такси возило често пати пријавениот го возел од неговиот дом до Основен суд Скопје II Скопје, каде истиот работел како Судски референт-записничар и каде и еднаш го повикал оштетениот со цел да се увери дека таму работи. Притоа, во еден нивен разговор пријавениот му кажал на оштетениот дека за негово вработување му помогнал висок функционер од МВР за одредена парична награда, по што во септември 2014 година со лажно прикажување на факти, лажно му ветил на оштетениот дека преку истиот функционер може да му обезбеди вработување во државна институција за него и за неговиот брат но дека за тоа мора да му даде одредена сума на пари. Од оштетениот побарал 3.000 евра за неговиот брат и 1.500 евра за него, со изговор дека услугата чинела 3.000 евра по лице, но бидејќи се двајца затоа за него требало да даде 1.500 евра. За да го убеди во лажните ветувања, го однел оштетениот во зградата каде што живеел функционерот, но кога пристигнале му кажал дека истиот наводно не бил дома, соопштуваат од МВР.

Во септември 2014 година во нотарска канцеларија во Скопје таткото на оштетениот на пријавениот му дал 3.000 евра, но за да има некаков доказ дека ги дал парите склучиле Договор за девизен заем на износ од 3.000 евра со рок на враќање за период од 6 месеци кој го завериле кај нотарот, кое што го направиле на предлог на пријавениот. По остварени повеќе контакти и средби помеѓу пријавениот и оштетениот, во кои му ветувал дека и него ќе го вработи, наводно со цел да ја забрза работата, во октомври 2014 година му побарал и оштетениот му дал 500 евра и документи по што му кажал дека го пријавил на конкурсот за вработување во МВР на РМ.mvr

Откако завршил конкурсот, а оштетениот не бил повикан, пријавениот наоѓал разни изговори и му ветил дека ќе го вработи во Основен суд Скопје II Скопје, за цело време спомнувајќи го името на функционерот од МВР, за кој дознаваме дека е Иво Котевски помошник министерот за односи со јавност во МВР, кој требало да ја заврши работата.

Во февруари годинава преку СМС порака под изговор дека работата е завршена  пријавениот од оштетениот ги побарал останатите 1.000 евра како наводно требало да ги дадат. По ова помеѓу нив биле остварени контакти со СМС пораки и разговори, а за да биде поуверлив пријавениот пуштил порака во име на Котевски притоа користејќи друг телефонски број односно  телефонскиот број од својот татко.

Минатиот месец во просториите на СВР Скопје од страна на оштетениот е поднесена кривична пријава на записник против Д.М., за кривично дело „измама“. Притоа, по преземени сеопфатни мерки и активности на 02.04.2015 година на претходно договорена средба во кафе бар во Ново Лисиче, Скопје, пријавениот ги примил од оштетениот паричните средства во износ од 1.000 евра при што врз основа на Наредба за претрес на лице од судија на претходна постапка во кафе барот е извршен претрес на пријавениот и кај него се пронајдени паричните средства. Од пријавениот се одземени паричните средства, мобилен телефон, СИМ картичка и мемориска картичка, од неговиот татко е одземен мобилен телефон и СИМ картичка, додека од оштетениот и таткото на оштетениот се одземени два мобилни телефони, две сим картички, како и Договорот за девизен заем заверен кај нотар.

Според крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи против пријавениот претходно е поднесена кривична пријава за кривично дело „фалсификување исправа“. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од осум дена. Инаку, Министерството за внатрешни работи не ја исклучува можноста пријавениот да измамил и други лица ветувајќи им вработување

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1