СВР Скопје, во консултации со надлежното Основно јавно обвинителство, ќе поднесе кривична пријава против Д.М. (23) за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Од налетот на возилото бил удрен и Б.Ј. кој не е повреди, но странично паднал во каналот покрај патот.
Според истрагата, кратко откако Д.М. заедно со својот брат излегол од ноќниот клуб „Лалара“ настанала тепачка во која учествувале двајцата, В.Б., Б.Ј. и непознато лице. Во тој момент, пријавениот влегол во возилото, го стартувал и со голема брзина, директно го насочил во правец на групата која ја сочинувале наведените лица кои во тој момент се тепале и со голема сила и брзина удрил во три од нив, бидејќи четвртото во последен момент се извлекло од удар. Д.М. директно го прегазил и сопствениот брат така што прво го удрил со возилото, по што со предните тркала преминал преку него и тој, по ударот, останал под возилото. Од силината на ударот и поради тежината на повредите со кои се здобиле, Ј.М. и В.Б. се задржани на болничко лекување.
Во СВР Скопје се извршени службени разговори со пријавениот, повредените и третиот учесник во тепачката. Д.М. потврдува дека со возилото го удрил својот брат и уште едно лице.