Скопјани дупло плаќале за паркинг во Центар


Многумина скопјани денеска беа непријатно изненадени кога добија двојни сметки за зонско паркирање. 

parking_sampleГраѓани се пожалија дека претпладнево преку операторот „Т-Мобиле“ не можеле да испратат порака за зонско паркирање во Скопје. Сите оние кои пробале да испратат порака преку овој оператор не можеле да добијат навремена повратна порака дека им е дозволено паркирањето на избраната локација, пишува плус инфо.

– Бидејќи чуварите од „Градски паркинг“ ми рекоа дека од утрово не може да се испрати порака преку „Т-Мобиле“, околу 11 часот во Аеродром пратив порака преку друг оператор и повратно добив дозвола за паркирање. Но, околу 13 часот, ми стаса порака од „Т-Мобиле“ дека ми е дозволено паркирање на истата локација, а јас веќе одамна бев замината. Морав да испратам порака за стоп за да не плаќам залудно. Тогаш видов дека, всушност, ми било наплатено како 3 часа да сум била паркирана. Така, денеска за 1 час паркирање ми беа наплатени вкупно 100 денари, 75 денари преку Т-мобиле и 25 преку друг оператор – вели една скопјанка.

Таа се јавила во ЈП „Градски пакринг“ од каде и рекле дека треба да испрати мејл со сите податоци за паркирањето за да и се рефундираат парите. Комисијата ги разгледувала стасаните барања секој вторник.

За падот на системот за испраќање пораки за зонско паркирање од „Градски паркинг“ тврдат дека тоа не е нивен проблем, туку дека проблемот бил во „Т-Мобиле“.

Од прес центарот на „Т-Мобиле Македонија“, пак, изјавиле дека во текот на денешниот ден нивниот систем работел без проблеми и дека не е детектиран никаков застој во испраќањето СМС пораки.

Извор – плус инфо

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1