Скопјани уценувале малолетничка – барале смартфон да не објават компромитирачки фотки


Двајца скопјани кривично ќе одговараат за уцена и помагање поради уценување малолетна девојка. Како што извести полицијата, тие од жртвата барале мобилен телефон „Самсунг“ со оперативен систем Андроид за да не објават на Фејсбук компромитирачки фотографии од неа.

pornografija-2Како што информира МВР, 24 годишниот С.И. е осомничен за уцена, а неговиот една година помлад пријател Р.И. кривично ќе одговара за помагање.

Според информациите од полицијата, С.И. се дружел со малолетничката во период декември и јануари и ја стекнал довербата на девојката, по што таа му ја кажала лозинкате од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тогаш С.И почнал да ја уценува девојката дека ако не му даде смартфон, ќе објави во јавност компромитирачки фотографии.

По ова, тие се слушнале телефонски и се договориле девојката и Р.И. да се сретнат пред поштата во населба Драчево, каде таа ќе му го даде мобилниот телефон. За уцените од С.И. малолетничката кажала на мајка си, а таа пријавила в полиција. Алфите во населба Драчево, непосредно по превземањето на телефонот од девојката, го лишиле од слобода Р. И., а набрзо потоа бил пронајден и лишен од слобода и С.И.

Двајцата со кривичните пријави се предадени на Основното јавно обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1