И.Б.(34) и А.Ш.(38) вчера во Скопје на улицата „Метохиска“ извршиле разбојништво над Х.Б.(37) од Скопје, при што и одзеле мобилен телефон и полнач со што ја оштетиле со околу 16.000 денари.
Полицијата информира дека двајцата сторители со употреба на физичка сила ја внеле во куќата каде што истите живеат и по извршено пребарување и ги одзеле наведените работи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.