Една жена е убиена со убод од нож во градите во нејзиниот дом во Скопје, додека двајца мажи од Скудриње и Тетово се прободени во тепачки, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Во понеделникот, околу 12.45 часот во Скопје во својот дом на ул „Саса“, пронајдена е почината П.Ш. (46). Нејзиниот сопруг Д.Ш. (69) изјавил дека истиот ден околу 11.30 часот кога се вратил од пазар ја пронашол во ходникот легната на стомак. Помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, кои констатирале смрт.
Увид извршил Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. Во 16.30 часот телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Истиот ден, а во периодот од 7.30 до 8.30 часот во село Скудриње, гостиварско, А.Ш. (41) од село Скудриње со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот на А.А. (46), а на Е.И. (26), двајцата од истото село, мала исекотина на левата рака. А.А. со возило на брзата помош бил пренесен во Здравствен дом-Ростуше од каде е препратен и задржан во Ургентен центар на КАРИЛ-Скопје.
А.Ш. во 08.40 часот е приведен во полицијата во Ростуше. Како причина за нападот А.Ш. ја навел наводно повеќегодишната љубовна врска на повредените со неговата сопруга. По овластување на Јавен обвинител увид извршила екипа од Гостивар, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 48 часа.
Во понеделникот, во 23.00 часот од Клиничката болница Тетово во СВР Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен И.С. (26) од село Чифлик, кој бил повреден со нож во пределот на градниот кош. Тој бил повреден околу 22.30 часот во селската кафеана во село Чифлик. Повреденото лице како итен случај е пренесен во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување. Во врска со настанот во 5.35 часот приведен е седумнаесетгодишник од село Чифлик.