Скопје, битна дестинација на светската џез мапа


henri_texier_colonel_skopje

Во светот на џез музиката „Скопје“ е препознатлив не само по Скопскиот џез фестивал кој што со своето долгогодишно опстојување од нашиот главен град и држава направи битна дестинација за овој вид на музиката, туку и по тоа што неколку светски џез музичари овој поим го имаат искористено како дел од името на нивната група и за назив на некои од нивните музички дела.

Џез групата Скопје конекшн е основана во 2009 година од страна на италијанскиот менаџер и продуцент, и докажан пријател и промотор на Македонија, Енрико Блумер. Во групата членуваат македонските џез музичари Џијан Емин и Георги Шарески и врвниот италијански џез трубач Лука Аквино. Нивниот прв албум е насловен „Амам“ и е снимен во скопскиот Чифте Амам.

Вториот албум на групата се вика „Скопје конекшн го среќава Ернст Рејсегер“ и на него гостува познатиот холандски челист Ернст Рејсегер.

The Skopje ConnectionПо учеството на Скопскиот џез фестивал, францускиот музичар Анри Тексие, заедно со својата група „Трансатлантик квартет“, во 1988 година го издава абумот со наслов „Полковник Скопје“.

Втората нумера од овој албум го носи истото име како и главниот град на нашата република, a „Скопје“ е назив и на музичка нумера на индискиот музичар Трилок Гурту, кој што исто така има учествувано на Скопскиот џез фестивал.

Александар Стеванов

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1