Со неговите големи амами, улиците со калдрма и отворените пазари, Скопје е различен од другите источно европски градови. Ова го пишува угледниот британски весник „Телеграф“, во неговиот текст насловен „Европски градови што никогаш не сте помислиле да ги посетите, а би требало“.
Во весникот е направена листа на 21 европски градови, а Скопје се најде на петтото место. Британски „Телеграф“: Скопје е еден од европските градови што би требало да ги посетите.
Со неговите големи амами, улиците од калдрма и отворените пазари, Скопје е различен од другите источно европски градови, според Сара Еванс. Нискобуџетниот авиопревозник Визер нуди директни летови од Лондон, се наведува во текстот под фотографијата на која се гледа „Мостот на уметноста“.
Помеѓу другите европски градови весникот ги наведува: Бергамо (Италија), Виторија-Гастеиз (Шпанија), Тавира (Португалија), Осјек (Хрватска), Скопје (Македонија), Умеа (Шведска), Тревизо (Италија), Тбилиси (Грузија), Нан (Франција) итн.