Скопјанец бил погоден од залутан куршум додека се одмарал во својот двор. Според податоците од полицијата, настанот се случил во 17 часот и 50 минути кога 50-годишниот В.Ш. од Скопје на улицата „2“ додека се одмарал во сопствениот двор, бил погоден од залутан проектил од огнено оружје, при што се здобил со повреда во пределот на рамото.
Полицијата работи на случајот.