Скопје и Тетово – топ 2 најзагадени градови во Европа


Мерењата на независниот истражувачки центар Numbeo, кој го мери квалитетот на воздухот во 59 европски градови, покажуваат дека Тетово и Скопје и натаму се први на листата на најзагадените градови во Европа.zagaduvanje1

Стартот на грејната сезона помогна загаденоста да ги надмине дозволените граници, а мерните станици на министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека присуството на штетните честички ПМ10 е дури шест пати над дозволеното, и тоа во речиси сите скопски населби.

Од Град Скопје известуваат дека од утре ќе почнат со прскање на улиците со  калциум магнезиум ацетат, средство кое ги лепи штетните ПМ 10 честички за асфалтот. Дали ќе се воведат дополнителни мерки ќе зависи од концентрацијата на шетните честички и од тоа колку долго ќе трае надминувањето на дозволените граници.

Цврстите честички ПМ 10 се одговорни за повеќе од 1.300 смртни случаи годишно во земјава, но и за илјадници изгубени работни денови. На економско поле, не чинат околу 253 милиони евра годишно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1