Скопје најзагаден европски град


Прв на списокот на најзагадени европски градови е Скопје, главниот град на Албанија е на петтото место, додека Сараево е на 12-то место на оваа неславна листа, пишува сајтот Numbeo.Нумбео

Според овој веб-сајт, која ги собира податоците за градовите во различни категории, Скопје е европскиот шампион по загаденост со индекс од 84,82 и, како што пишува сајтот, тешката индустрија е најголемиот причинител за загадувањето во главниот град на Македонија.

„Граѓаните се надеваат дека овој проблем систематски ќе биде решен, а до тогаш спас бараат на планината Водно каде заминуваат за барем на неколку часа да дишат свеж и чист воздух“, пишува сајтот „24 сата“.

На второто место по загаденост, после Скопје, е Москва со индекс од 81,58, додека на третото место е Киев, а четврти е италијанскиот индустриски центар Торино. Петта е Тирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1