Годинешново 11-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ, што ќе се одржи на 3 октомври, сабота, ќе изобилува со изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон во Кино Милениум… и мултимедијален спектакл.
Официјално манифестацијата БЕЛА НОЌ 2015 ќе биде отворена во 20:30 часот во Музеј на Македонија, каде што ќе биде поставена изложбата „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“. Изложбата претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес, а ќе биде дополнета со настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.
Како и изминатите десет години, и годинава на секој агол низ градот Скопје ќе се слави уметноста, а посетителите ќе може да уживаат во следниве настани што ќе се одржуваат на повеќе локации низ градот:ПЛОШТАД ПЕЛА со модна ревија на модно студио Црнокрак; концерт на The Protagonist (основани во ноември 2010 година од Р. С. Раш и Кузман) и на The Stroj (Slo) (музичкиот колектив формиран во 1997 година во Лашко, Словенија); МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА со изложбата: „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“, настапот на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски, како и настапот на диџеј Шурбе & Ѓорѓи Јаневски (Канал 103);МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ со изложбата ЕРОС И ТАНАТОС на која ќе учествуваат Kирчо Арсовски, Атанас Ботев, Билјана Василева, Роберт Дандаров, Горјан Ѓорѓиев, Шќипе Мехмети, Јасминка Новковска, Александар Станкоски и Kрунислав Стојановски; НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА (МАЛА СТАНИЦА) со ВО КОЈ СВЕТ ЖИВЕЕМЕ? (2012, 2013, 2014 година); КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР со изложбата „Четири пози„ на авторите:Никола Мартиновски, Васил Василев, Мирослав Масин и Никола Ангековски; КУРШУМЛИ АН со изложбата акварел и темпера на Ана Димчевска – „Зигот“;
ШКОЛКА (ГРАДСКИ ПАРК) на кој ќе се организира ПАНК-РОК фестивал; Концерт на платото пред МКЦ;ГАЛЕРИЈА МКЦ со изложба на Горјан Ѓорѓиев „ПРОТЕСТ – СЕКСПЛОЗИЈА“; Горно фоаје на кино Фросина -Мултимедијален перформанс:
East meets West; МКЦ – ХОЛ/ПЛАТО Антони Мазневски – Времено 52’ / Temporary 52’;
ДАНСИНГ САЛА – МКЦ -мултимедијална изложба– светлечки кутии на Сашо Поповски– РЕАЛНОСТА НА ВИРТУЕЛНОТО/REALITY OF THE VIRTUAL;
Дарко Заревски – изложба на две слики “Look, no hands” – (35х54; 85х44);
Кристина Зимбакова – Потоморена револуција/Concealed Revolution; МАЈКА ТЕРЕЗА, ПЛАТО-настап на РЕБИС – Кореографија на улица/Street dance;
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје- Музичко-поетска програма: Промоција на Библиографија на монографски публикации „Скопски писатели“ од Сузана Данаилова; Дом на културата КОЧО РАЦИН- проекција на документарен филм (30 мин.) на Дороти Пачкова; Во временскиот интервал од 17 до 22 часот ДКЦ ќе биде отворен за активности како на пр. цртање, танцување, глумење (импровизации), едукативни игри, а со децата ќе работат едукатори, кои се непосредно одговорни за работилниците што се одржуваат во центарот.
И годинава Градско Кино МИЛЕНИУМ со уште еден бесплатен филмски маратон за БЕЛА НОЌ! За филмовите „Ничие Дете“ и „Зимски Сон“ треба да подигнете билети од билетара на КИНО МИЛЕНИУМ. Еден посетител може да подигне најмногу 2 билета. Билети можете да подигнете на Билетарницата на КИНО МИЛЕНИУМ во сабота (03.10) од 10:00. За преостанатите филмови не е потребно да подигнете билети.
Исто така, на УЛИЦА МАКЕДОНИЈА Венета Иљовска ќе учествува со свои пишани изданија и со материјали што ја претставуваат кореспонденцијата на пишаниот збор со визуелните форми на комуникација; а во ДОМ НА АРМ ќе се одржи изложба на копаничарски дела од автори од Македонија.
Како и секоја година, така и оваа година, во рамките на БЕЛА НОЌ, граѓаните на град Скопје ќе имаат можност за бесплатно попладневно матине во Зоолошката Градина.
Влезот е бесплатен од 17:00 до 19:00.
Организатор на манифестацијата БЕЛА НОЌ е Младинскиот културен центар, а Градот Скопје, како покровител, за успешна реализација на оваа специфична ноќ исполнета со уметност и музика, од Буџетот за 2015 година одвои 3,5 милиони денари.
На денот на одржување на Бела ноќ, организиран е бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 17:00 до 16:00 часот, како и бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00 часот, на сите линии кон центарот на Скопје.