Скопје: Работник падна од кран – лекарите не успеале да го спасат неговиот живот


Работниот ден му се претвори во вистинска трагедија, прилепчанец почина откако се повреди на работното место.

-Вчера околу 14.20 часот на ул. „Никола Вапцаров“ во Скопје, Ц.Т. (57) од с.Ново Лагово, прилепско, вработен во приватна фирма, додека извршувал работи на кран на висина од четири метри, во моментот кога се откачила дигалката тој паднал на земја и се здобил со повреди по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар Скопје. По кратко време Ц.Т. им подлегнал на повредите, соопштуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1