Г.С.(36) вчера пријавил дека во неговиот стан на ул.„Методија Митевски“ во Скопје 18:20 часот бил испукан проектил од огнено оружје.
Проектилот го пробил покривниот лим од зградата, ја пробил изолацијата помеѓу покривните табли и таванот од дневната соба од станот, и паднал на клуб-масичката (во послужавник) во дневната соба, каде во моментот се наоѓале пријавителот, неговата сопруга и нивната ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.