Вчера, околу 09,00 часот, во Скопје на ул.„Мелничка“, Р.С.(67) била физички нападната од нејзиниот син О.С.(41), кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома.
Р.С. успеала да избега и побарала лекарска помош во Св.„Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица Чаир.
Истата напоменала дека и пред околу еден месец имала пријавено семејно насилство.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.