Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчера /02.12.2016 година, петок/ беше вклучена централната елка во Скопје која е поставена на Плоштадот „Македонија“.
Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава за првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.
Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.
Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици:
• Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,
• просторот пред Владата на Република Македонија,
• ул. „Даме Груев“,
• Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,
• ул. „Димитрие Чуповски“,
• ул. „11 Октомври“,
• Булевар „ВМРО“,
• ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,
• просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,
• Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,
• украсување на Паркот „Жена борец“,
• украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,
• украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
• украсување на улица „Македонија“,
• Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,
• Плоштад Пресвета Богородица,
• Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов
• Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,
• Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.
Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.
Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017 година.