Денеска, во центарот на Скопје, на кејот на реката Вардар поставена е скулптура на тоше Проески. Спомен обележјето е поставено на Мостот на уметноста пред новата зграда на Јавното обвинителство.
Скулптурата на Тоше е само еден дел од статуетките кои ќе го красат овој мост.
Предвидено е деновиве тука да никнат осум скулптури на истакнати уметници.











