Славниот актер во солзи: Мојата ќерка е болна, таа е мојот херој


Холивудскиот актер Харисон Форд со солзи во очите изјави дека неговата ќерка Џорџија од нејзиното детство боледува од епилепсија.

„Кога некој кој ви е толку близок боледува од оваа болест, тоа може да боде страшно. Оваа болест влијае на нивниот живот, нивната иднина и со сите сили се обидувате да најдете лек за да имаат што поквалитетен и поисполнет живот“ – изјави актерот на настанот за поддршка на луѓето кои боледуваат од епилепсија.harison-ford

Форд откри дека неговата ќерка првиот напад го имала уште како мала, но дури подоцна била утврдена вистинската дијагноза.

Иако тој е голем професионалец, во текот на говорот Харисон беше совладан од емоциите и не можеше да ги сокрие солзите.

Сепак, благодарејќи на адекватната терапија Џорџија немала напад во последните осум години.

„Се гордеам со мојата ќерка. Таа е толку упорна, талентирана и силна, таа е мојот херој. Ја сакам“ – изјави гордиот татко.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1