Верувањата на старите Македонци – што значи да сонуваш дека си умрел?


Уште од најстари времира со соништата е поврзано верувањето дека во нив има скриено нешто таинствено, мистично, судбинско. Преку соништата зборуваат натприродните сили.smrt dusa

Соништата се рефлекси на човековите желби и стеремежи. Она што е составен дел од човековиот живот ќе најде место и во неговите соништа. Една стара кинеска поговорка вели дека „она што најдлабоко ќе се собере со срцето се искива во сонот“.

И нашиот народ верувал дека соништата се тесно поврзани со животот, дека претскажуваат нешто. Градењето на многу цркви и манастири е поврзано со соништата. Многумина станале иницијатори за вакви градби откако на сон им се јавил некој светец или некој непознат човек и им се заканил со казна ако не го направат тоа. А познато е и тоа дека народот отсекогаш ги помагал ваквите градби.

Толкување на соништа:

1. Пари ко броиш ќе чуеш лоши думи.
2. Пушка чуеш ле, абер ќе ти дое.
3. Раќија ако пиеш ќе дое јат.
4. Црна вќна ако чешеш, лошотиа ќе ти дое, а бела – арно.
5. Платно ако простираш ќе одиш на пат.
6. Оро играш ле ќе умреш.
7. Видиш ле месец на сон, ќе се ожениш.
Од Горноџумајско, запишал Антон П. Стоилов.

1. Ако се бакнуваш со некого на сон уста со уста, ремата ќе те вати.
2. Ако се видиш онлечен во ново алиште, ќе се ватиш за некоја убаа работа.
3. Ако се видиш оти си умрел, многу ќе живееш.
4. Ако се ожениш, не ќе се жениш за многу години.
5. Ако сонуаш да ти даит некој некое алиште кроено од бел шајак, ќе си добиел голема чес.
6. Аскер да видиш на сон ангелите ти се преставуваат.
7. Биолица да видиш сенка ќе те најавнит.
8. Благо да јадиш горчливи зборои ќе слушаш.
9. Вино да пиеш, здравје ќе добиеш.
10. Глаа да се миеш гајлето ќе ти одмини.
11. Да се чешлаш гајле големо ќе имаш.
12. Да пеиш песна ќе се караш.
13. Жена лична да видиш да белит болес ќе имаш.
14. Пари да видиш зборои ќе слушаш.
15. Платно да ткајш пат ќе патуаш.
16. Попара да јадиш на сон, пари ќе спечалиш.
17. Поп да видиш, ѓаол бил.
18. Чевли да обуеш на сон, ќе се жениш.
19. Со оружје да се видиш на сон, ќе се обогатиш.

Think.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1