Внимание до возачите: Одрони и свлечишта на повеќе патни правци


На патниот правец Кочани – Делчево поради одрон со голема количина на материјал, сообраќајот е во прекин и се работи на расчистување. Како алтернатива може да се користи патот Виница – Смојмирово – Делчево, соопшти АМСМ.odron 1

Вчера од 17:00 часот општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На 10.03.2016 год од 13:00 часот поради одрони на пат на Виничка крстосница помеѓу с.Истибања и с. Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правца, Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

Од вчера напладне на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај с.Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1