Мај е месецот во кој претстојат најмногу можности да се избега од секојдневието, земајќи ги во предвид неработните денови што нè очекуваат. Освен овој, до крајот на овој месец не очекуваат уште два празнични викенди.
Уште еден продолжен викенд нè очекува кон крајот на мај. Имено, празникот „Свети Кирил и Методиј” се паѓа во недела, па затоа следниот ден (понеделник) ќе биде неработен за сите граѓани на земјава.
По три дена работа, православните граѓани добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај – Духовден.