Слики од екс министерот Чавков најпрво во судница со лисици, а потоа и од истражниот затвор во Шутка


Молк во МВР по фотографијата која утрово се појави на социјалните мрежи и дел од медиумите и на која може да се види екс министерот Митко Чавков во притворското одделение во Истражниот затвор во Шутка.

За скандалот да биде поголем, фотографијата е направена од затворската караула која во последните два месеци ја обезбедуваат припадници на посебната единица на полицијата, во јавноста позната под кратенката ПЕП.

И покрај настојувањата Министерот Спасовски денеска не сакаше да одговори на прашањето на Сител, како се случило информации и фотографии од притворското одделение да завршат во медиумите и дали за тоа полицијата од некого ќе бара одговорност.

Дополнително, дел од полициските службеници фотографијата ја споделуваат на своите профили и во коментари изнесуваат информации за однесувањето на Чавков во притвор, што е спротивно на законот.
Овој полициски службеник на социјалните мрежи не крие дека е партиски активист на една од партиите, а за Чавков вели дека во моментов, во затворот им е млада невеста.

Целта на притворањето на осомничените лица е тие да бидат изолирани додека трае истрагата како не би можеле да влијаат на неа и на сведоците. Ако на овој начин излегуваат фотографии и информации од притворското одделение, многу веројатно е дека на истиот начин, такви информации можат и да влезат во затворот, што може да влијае на истражната постапка.

Дека се кршат законите покажа и премиерот од пред два дена кога се појави фотографија од судницата во скопскиот кривичен суд на која може да се види Чавков со лисици на рацете. Со оглед на тоа дека стануваше збор за истражна постапка во која се сомничат лица за тероризам, постои голема веројатност и оваа фотографијата ја направил некој од полицајците кои биле задолжени да го обезбедуваат процесот.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1