Египетските медиуми објавија на социјалните мрежи фотки од рускиот патнички авион кој денес се урна на полуостровот Синај. Фотографиите потврдуваат дека авионот целосно е уништен.
Египетската војска префрли неколку тела на жртвите до базата во источен Каиро. Првите 35 тела веќе се однесени во мртовечница. Досега, околу 145 тела се најдени на местото на несреќата.