Државјанин на Словенија е уапсен на римскиот аеродром Фиумицино откако се заканил дека има поставено бомба во патничкиот авион на авиокомпанијата Ники.
За брзо време римската полиција ги евакуирала патниците за летото од Рим кон Виена и започнала потрага по бомбата, а словенечкиот државјанин е уапсен.
Според Ла Република, тој во раката кога бил уапсен од полицијата држел текст напишан со арапско писмо.