Трагичен крај за 19-годишна мисица: Починала за време на липосукција (ФОТО)


Деветнаесет годишната Кетрин Кандо студентка по медицина која работела како модел, а минатата година во октомври на избор за убавина била прогласена за Кралица на Дуран во Еквадор, починала на операциона маса за време на липосукција.

Не планирала да прави липосукција, но покрај автомобил и таблет, за освоената титула добила и липосукција како награда.

Заминувањето на третманот го одложувала затоа што мислела дека не и` е потребен, но членовите на жирито на натпреварот на кој победила, сметале дека би изгледала подобро со некој килограм помалку. Таа им истакнувала на локалните медиуми дека повеќе би сакала да вежба за да ја доведе својата линија до совршенство, отколку да појде на липосукција. Но, мисицата сепак попуштила.

1ketrin500

-Пред да замине на липосукција, хирургот кој ја оперираше ја бараше безброј пати. Таа упорно го одбиваше. Операцијата сакаше да му ја подари на некој друг, но на крај попушти само за да се ослободи од напорниот хирург, изјавил нејзиниот пријател Даниел Завала.

 

Кетрин на операцијата била на 10 јануари и починала на операционата маса. Сега се истражуваат точните околности околу нејзината смрт. На нејзиниот адвокат засега од болницата му рекле дека таа починала од едем или отекување на мозокот, но на нејзините родители им рекле дека причината била срцев застој.

-Нарачав цитолошки и патолошки прегледи за да знаеме што точно била причината за нејзината смрт. Докторите и медицинскиот персонал кои биле присутни за време на нејзината операција се уапсени и им е забрането да ја напуштат земјата, рекол адвокатот.

Ова не е прв ваков трагичен случај. Бразилската манекенка Памела Насименто исто така починала за време на липосукција во 2011 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1