Мојица Д. не ни помислила дека кога ќе се разбуди нема да може да излезе од својата куќа, бидејќи поради обилниот снег била блокирана влезната врата.
Словенија веќе два дена се соочува со обилни снежни врнежи, а на некои места висината на снежната покривка веќе достигнува 80 сантиметри.
Една од оние на кои снегот им создал главоболки, била Мојица Д. од местото Предмеј кај Ајдовшчина.
Имено, таа утрово кога ја отворила вратата од својот дом, имала што да види: “Буквално блокирана врата со снег, на кој имало отпечатоци од самата врата”, пишува Slovenske novice.
Таа на фотографијата напишала дека е среќна што во куќата во моментот имала лопата за снег, бидејќи во спротивно ќе била принудена да остане дома, или со голи раце да направи пат.