Службеничка во „Македонски пошти“ крадела од сметки на граѓани


Службеничка во подружница на „Македонски пошти“ во Кочани крадела од трансакциски сметки и присвојувала пари со кои граѓаните плаќале сметки за струја и вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

makedonska-posta-41-300x336Во текот на 2013 година, В.Ј. (45) од Кочани, вработена во АД „Македонски пошти” ги присвојувала паричните средства уплатени од физички лица по основ на платени фактури за електрична енергија и вода. Некои сметки ги сторнирала, а некои воопшто не ги евидентирала.

Исто така, од трансакциони сметки на девет лица со налози за исплата на готовина подигала парични средства и ги користела за себе, а потоа со уплатница повторно им ги плаќала на сметките.

На овој начин, В.Ј. неовластено се послужила со 1,8 милион денари, противправно за себе присвоила 39.304 денари, а го оштетила друштвото за 27.429 денари.

Кочанската полиција против неа поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и продолжено кривично дело „послужување во службата”

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1