Голем број граѓани се обратиле до Дирекцијата за заштита на личните податоци поднесувајќи претставка или едноставно барајќи мислење тоа дали е злоупотреба барањето фотокопија од нивната лична карта или пасош од страна на институции, банки или слично, пишува ТВ Тера
-Разни клиенти на банки, компании, пациенти од јавно или приватно здравство, гости во хотели или други угостителни објекти, доставуваат прашања во форма на претставка или бараат мислење од аспект на користење на нивните лични податоци, изјави Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци
Како основно е тука прашањето за личната карта.
-Личната карта е значајна за нас бидејќи го содржи единствениот матичен број, што е единствена идентификација во Република Македонија, таа претставува чувствителна категорија на лични податоци, рече Ѓеоргиевски.
Прашањето за употреба и копирање лична карта или пасош е регулирано со посебен закон.
-Едниот е законот за заштита на личните податоци, каде пишува дека ако со закон не е уредено тоа е забрането. Но одредени прашања се од јавен интерес, идентификација на шалтер на банка на пример е предвидено со закон за банки, вели Ѓеорѓиевски.
Но и покрај се, Ѓеорѓиевски додава дека не е исклучена и можноста за злоупотреба, па затоа биле отворени за јавноста да одговорат на сите прашања и претставки.
Видео – ТВ Тера