Сменети сите полицајци од аеродромот во Мексико – 348 на број


Полицијата во Мексико повеќе не им верува на своите службеници – дел од нив шверцувале кокаин. Поради инцидентот кој се случи на 25 јуни, кога еден од вработенените уби тројца негови колеги, федералната полиција, замени вкупно 348 полицајци кои го обезбедувале меѓународниот аеродром во главниот град на Мексико.

Најверојатно, обвинетите биле вмешани во трговија со дрога.
Шефот на федералната полиција задолжен за безбедноста, Луис Кардењас Паломино, изјави дека сите полицајци вработени на аеродромот се прераспределени, а своите должности ќе ги извршуваат во други држави.

Тој додаде дека во иднина на нивно место ќе работат внимателно одбрани и проверени полицајци.

Еден од тројцата службеници кои учествувале во престрелката е фатен, но по другите двајца сеуште се трага.
Полицијата понуди награда од 259.000 долари за оној кој би дал детали и информации кои би помогнале за негово апсење.
Полициските службеници вмешани во инцидентот, најверојатно биле дел од криминален ланец од Перу кој се занимава со трговија на кокаин.

Tags: , , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1