Смрт над главите на нашите деца – штедливи светилки (Видео)


Додека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, голем број експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.

Европската унија со директива забрани произведување на класични сијалици форсирајќи ги на европските пазари исклучиво штедливите, иако според познавачите се штетни по здравјето. Тогаш зошто толку се инсистира на нивното користење.

Ја штедат енергијата но не и вашиот живот!

Uticaj-stedljivih-sijalica-na-ljude-e1347364719142-500x429Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен –  канцероген  состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален.

Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.
Израелскиот Универзитет Хаифа, веќе одамна објави истражување според кое штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.

Исто така постојат предупредувања дека ваквите светилки предизвикуваат мигрена, а дерматолозите пак стравуваат за пораст на кожни проблеми.
Еко светилка која што е штетна за околината!?

sijalicaНели е апсурдно на амбалажата на еден еко производ да стои предупредување дека по искористувањето е неопходно да се исфрли како токсичен отпад?

Еко светилки кои се вистинска мамка за луѓето што се грижат за животната средина, масовно купување на овие производи, иако се неколкукратно поскапи од класичните, коментираат берлинските истражувачи. Ваквите светилки произведуваат „електричен смог“, мора да се користат исклучиво во добро проветрени простории и далеку од нашите глави, предупредува експертот Андрес Кирхнер.

Содржат жива!

Доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество. Експертите додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот – количина што не може да го наруши здравјето.

sijalica 2Сепак советуваат доколку дојде до пукање на ваквата светилка.

–  Отворете ги прозорците и проветрете ја просторијата.
–  Делот каде што се скршила светилката, внимателно избришете го со влажна крпа, која подоцна безбедно ќе ја исфрлите во најлоска торба.
–  Со леплива лента (селотејп) ги собирате евентуалните остатоци кои исто така треба да завршат во најлонската торба.
–  Отпадот никако не смее да се фрли во корпа за отпадоци, во ваков случај неопходно е да се исфрли на локација специјализирана за собирање опасен отпад.
Европската унија во сите земји членки забрани класични светилки од 100 и од 75 вати, од овој месец во пензија одат и 60 ватните. До крајот на годинава ќе престанат да светат и 40 ватните како и оние светилки од 25 вати.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1