Смртта на малиот Раде неразјаснета, одговори не даде ниту обдукцијата


Обдукцискиот наод за Раденко Никодиновиќ од Козјак кај Лозница, кој пред 20 дена почина од сепса настаната по кршењето на раката, пристигна денеска во болницата во Лозница, и тоа ќе биде еден од доказите во судската постапка.radenko-85185

-Ние продолжување на натаму да работиме на случајот и очекуваме од Белград да пристигне извештај од надворешниот надзор кој го наложи Министерството за здравство. Во обдукцискиот извештај нема ништо што би не навело веднаш да постапиме. Ќе треба да се оди на уште едно стручно вештачење, изјави јавниот обвинител Зоран Несторовиќ, и додаде дека иако сите очекувале наодот да ги реши сите недоумици за случајот, тоа не е така. Тој рече дека обдукциониот наод не може да ги покаже евентуалните пропусти во работата на лекарите и дека тие одговори ќе ги даде стручното вештачење.

-Се уште немаме доволно материјал за веднаш да покренеме некаква постапка. Чекаме извештај од Белград, кој ќе биде донесен или од Министерството за здравство или од полицијата. Кога ќе стигне, ќе видеме што треба да преземеме. И натаму собираме докази и постојано вршиме проверки. Се трудиме да работиме брзо но вештачењата не одат така веднаш. Се трудиме да работиме брзо и ажурно, но мораме да ја почитуваме сета процедура. Повеќе од ова не можам да ви кажам, вели Несторовиќ.

Милан Никодоновиќ, татко на починатото дете смета дека сето ова премногу долго трае, но се надева дека на крајот некој сепак ќе каже кој е одговорен за смртта на неговиот син.

-Во петокот дознав дека обдукциониот наод е завршен и испратен во Лозница. Во обвинителството утрово ми рекоа дека се уште не е стигнато, но потоа попладнето ме известија дека стигнало. Мене уште во Белград ми спомнуваа три бактерии и се друго што довело до овој исход, но јас го очекувам денот кога ќе излезат пре мене и сопругата и ќе ни кажат кој е виновен што детето не можеше да се спаси по кршењето на раката, вели Милан.

Тој потврди дека неговите пријатели и другари во петокот органиизирале мирна протестна прошетка од Домот на културата до лозничката болница, за уште еднаш да укажат на неопходноста од промени во здравството во Србија и никогаш да не се повтори овој случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1