Снег на Стража, во Маврово и Крушево


Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои по влажни коловози.

zabrana snegВрнежи од снег има на планинскиот премин Стража, Маврово и Крушево кои не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот, а на планинскиот премин Плетвар и Пресека се бележат врнежи од дожд и снег кои исто така не преставуваат проблем за одвивање на сообраќајот, соопшти „Македонија пат“.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, каде е можна почеста појава на одрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1