Видео: Апсењето на дилери на дрога во Македонија – еве што најдоа во бункер на скопјанец


Министерството за внатрешни работи денеска ја почна акцијата „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици.

bunker-500– Со почнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови, рече министерката за внатрешни работи Горадна Јанкулоска на денешната прес-конференција.

За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога, амфетамини и марихуана.

Вчера, додаде, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во домот на организаторот на Криминалната група кој не беше пронајден во неговиот дом.

– При вршењето на претресот пронајден е прибор за пакување и мерење на наркотична дрога, Два лап-топ компјутери и неговите лични телефони. Откриени се и два бункери за складирање на наркотичната дрога и тоа едниот во шанкот на дневната соба, а вториот во подот под брачниот кревет во спалната соба, како и многу други украсни предмети во кои има изработено специјален простор за складирање и чување на наркотична дрога. Предметите се одземени со потврда за привремено одземени предмети, посочи Јанкулоска.

Во бункерите е пронајдена одредена количина дрога, но додаде дека и онака не очекувале да пронајдат поголема количина надрога, бидејќи се работи за група која се занимава со растурање надрога во мали количини за учишна продажба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1