Најмалку 28 лица загинаа во Авганистан во лавини, предизвикани од обилни снежни врнежни, а се очекува дека бројот на жртвите дополнително ќе се зголемува, соопштија денеска авганистанските власти, пренесува МИА.
Повеќето од жртвите го загубиле животот во провинцијата Пањсир, северно од престолнината Кабул, каде поради непрекинатите снежни врнежи во период од два дена се блокирани главните сообраќајници, поради што на спасителите им е тешко да дојдат до затрупаните села.
Смртоносните лавини во текот на зимата се честа појава во планиските предели на Авганистан.