Снег во Авганистан – 28 загинати во снежни лавини


Најмалку 28 лица загинаа во Авганистан во лавини, предизвикани од обилни снежни врнежни, а се очекува дека бројот на жртвите дополнително ќе се зголемува, соопштија денеска авганистанските власти, пренесува МИА.lavinaa-500

Повеќето од жртвите го загубиле животот во провинцијата Пањсир, северно од престолнината Кабул, каде поради непрекинатите снежни врнежи во период од два дена се блокирани главните сообраќајници, поради што на спасителите им е тешко да дојдат до затрупаните села.

Смртоносните лавини во текот на зимата се честа појава во планиските предели на Авганистан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1