Снегот пак не изненади? – колони возила завеани на стража неколку часа без помош


,,На стража сме завеани еве веќе 3 часа, ниту АМСМ, ниту било кој друг се уште не се појавил. Патот е завеан неможе да се движиме, има многу коли некои се и со деца,, ова го пиша до нашата редакција читателка која вели дека на службите им се потребни повеќе од три часа за да стасаат до нив и да им помогнат, да го расчистат патот.

Како што се информиравме екипите на македонија пат конечно стасале и го расчистуваат патот, но граѓаните велат дека биле потребни цели 7 часа за да тоа се случи. револтирани прашуваат зошто веднаш не се реагирало со првите врнежи туку се дозволило колони да се заглавени со часови?

Снегот кој паѓа со засилен интензитет предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот по магистралните и локалните патишта во гостиварскиот регион. Поради снегот кој се задржува коловозот, забрана за движење на тешки товарни возила има кон превојот Стража и кон Маврови Анови.
Шест сообраќајни несреќи се случија на локалните патишта низ гостиварската општина. Од СВР Тетово информираат дека им укажале на надлежните институции задолжени за одржување на патиштата да ги обезбедат сите потребни мерки за непречено одвивање на сообраќајот и постапување во зимски услови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1