Снежно невреме во САД, над 70.000 семејства останаа без струја


Повеќе од 70.000 луѓе во САД останаа без електрична енергија поради снежното невреме, кое зафати неколку источни реони во земјата.

Прекин на струја главно имало во државите Северна и Јужна Каролина, Кентаки и Западна Вирџинија.sneg-sad

Невремето, исто така, предизвика и голем број сообраќајни несреќи и километарски колони на патиштата во Вирџинија, Северна Каролина, Кентаки, Тенеси и Арканзас. Во несреќите загинаа 10 лица.

Бурата „Џонас“ се очекува денеска и утре да ги зафати главно државите на источното крајбрежје. Вонредна ситуација поради лошите временски услови воведоа гувернерите на државите Вашингтон, Мериленд, Пенсилванија, Џорџија и Нектаки, како и градоначалникот на Вашингтон.

Како последица на снежното невреме, вчера и денеска авиокомпаниите откажаа над 6.000 летов од и кон аеродромите во источниот дел од земјата.

Над половина од откажаните летови се од аеродромите во Филаделфија, Вашингтон, Њујорк, Шарлот и Ралеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1