Кога Елен Хенри, член на Друштво на историчари од Сан Диего, во рамки на еден проект фотографирала зграда стара 113 години, не ни помислила што ќе забележи со фотоапаратот.
Откако ги развила фотографиите забележала чуден облик во горниот лев агол на фотографијата, прво помислила дека се работи за некои дефект на сликата при развивањето, но се уверила дека не е така откако фотографииите ги пренела на компјутер.
– Нема шанса да се работи за авион, затоа што би го слушнала. Некои велат дека изгледа како беспилотно летало, но јас никогаш не сум видела такво летало без крила, вели Хенри.
Целата приказна станува уште поинтересна, по фактот дека откако го фотографирала наводното „летало“ фото-апартот престанал да работи. Сега се прашува – дали снимила НЛО?