Снимен моментот на експлозијата НА СТАДИОНОТ ВО ПАРИЗ – ВИДЕО


На интернет се појави снимка на која е забележан моментот на експлозијата на стадионот во Париз.

Франција прогласи вонредна состојба и ги затвори границите по терористичките напади вечерва во Париз, кои оставија над 60 мртви и се уште се во тек. Нападите почнаа неколку минути по 21 часот и беа нападнати ресторани, шопинг центар и концертна сала.692425_tan201511132343109011_f

На парискиот стадиот дојде до три експлозии во кои три лица загинаа. На стадионот се играл пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија на кој присуствувал и францускиот претседател Оланд кој веднаш бил евакуиран.

На улицата Шарон во Париз и во познатата концертна сала Батаклан во која се одржуваат претстави во тек е заложничка криза, тврди полицијата. И во тек обид за упад во салата од страна на полицијата за ослободување на околу 100 заложници. Според сведоци на социјалните мрежи, непознати лица во салата ги убиваат присутните и се надеваат дека полицијата брзо ќе реагира.

Во 22.30 часот полицијата изјaви дека имало најмалку три места на кои имало пукање и експлозии а потоа од повеќе места во градот стасаа вести дека има повеќе напади во целиот град.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1