Снимка од падот на авионот? 2 од патниците најдени живи некој летал со нивни фалс пасоши


Медиумите објавија снимка од „Јутјуб“ за која се тврди дека го покажува точниот момент кога авионот на „Малезија ерлајнс“ Боинг 777 се урнал во морето

malezija_645575S1Снимката е од сајт кој ги следи во живо летовите – и на неа се гледа летот MH370 кој летал од Куала Лумпур кон Пекинг. Но, на отприлика половина пат над Јужното кинеско море симболот за авионот одеднаш поцрвенува и потоа исчезнува.

При меѓународната акција за пронаоѓање на авионот беше откриена нафтена дамка со должина од 19 километри во морето меѓу Малезија и Виетнам. Но ни трага од трупот на авионот се уште.

Потрагата ноќва е прекината и ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Семејствата обвинваат дека авиокомпанијата ги држи во тотаен мрак и не им дава информации.

Светски медиуми пренесоа и информација дека две од лицата кои беа на списокот со патници во авионот се пронајдени живи. Но тие не ни биле на летот туку некој летал со нивните пасоши. Двајцата, еден Австралијанец и еден Италијанец пријавиле дека лани нивните пасоши биле украдени на Тајланд.

СТРАВОТНА НЕСРЕЌА: Се урна авион со 239 патници меѓу кои и бебиња (Видео)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1